апр 11 2012
Како се претвора злато во камен (чудо)
Веројатно сите знаете за алхемијата и обидот да се претвори некој обичен метал во злато од страна на алхемичарите.
Е па јас видов како нашата МПЦ успеа да направи класичен езотеричен алхемиски процес, не буквален, туку видов како може едно “Божјо чудо” да го претвори во најобичен политички памфлет за бришење газ. Бујрум:

Искрено, како класичен атеист, случката во Св. Димитрија ме најде затечен и ме заинтересира, да не речам ми го доведе атеизмот во искушение. WTF си реков, имало Господ, што ќе му кажам кога ќе го видам и ќе ми рече “Еее бе, ГЛУП ниеден?” Мислачка е…
Како и да е, денес си најдов нешто да ми ја врати неверата, прочитав дека имало врска со влагата и најверојатно паднала некоја крпа, ама нешто ме натера да го земам тоа со резерва и да не поверувам до крај. И тогаш следуваше она обраќање на месенџерот и тумачот на Господ Бог, кога кажа дека Господ се симнал на Земјата за да се засрамат “Плоштад Слобода” и Бранко Црвенковски.
До тука значи.
Натаму и не ми е битно дали чудово е чудо или не. Дури и да е чудо, не ме интересира кога е чудо на некојси Господ Бог чија борба е со комуњари и студенти-архитекти. Fuck that, имам веќе еден таков Бог, 6 години се бори доста успешно со нив, зошто би го мењал сега за некој си таму еврејски.
That’s all…